Тајсон открива кога го допре дното: Претепав седум проститутки во соба полна со алкохол и дрога
Еден од најголемите боксери на сите времиња, Мајк Тајсон, раскажа уште една приказна од својот бурен живот.
Мајк Тајсон, кој се уште е најмладиот светски шампион во тешка категорија, призна дека го допре дното во 2009 година кога претепал седум проститутки додека консумирал морфиум.
– Лежев во креветот во хотелска соба. Тогаш се обидував никогаш да не бидам сам, па редовно покрај мене имаше или проститутка или куче. Ова е навистина мрачна приказна, бев во апартман со седум проститутки и со многу морфиум, кокаин, марихуана и со шише Хенеси. Одеднаш ме „удри“ параноја и удрил во ѕид. Бев параноичен и помислив дека сите тие жени се обидуваат да ме ограбат и малтретираат. Почнав да ги удирам, тоа беше навистина мрачна епизода во мојот живот – вели Тајсон.
– Во таа соба го допрев дното во животот. Благодарем сум што сега сум каде што сум.
Детството на Тајсон воопшто не беше лесно. Познатиот тренер Кас Дамато го извлече од пеколот на Браунсвил и го направи боксерски шампион. Но, кога почина Дамато, „Железниот Мајк“ им се врати на проблемите и на крајот заврши во затвор поради силување.
Затворот си го стори своето и тој никогаш повеќе не беше страшниот Мајк кој им тераше страв во коските. Поради лагодниот живот потроши повеќе од 300 милиони евра и банкротира, но успеа да се спаси на финансиско поле и сега е има своја фирма за огледување на марихуана која му носи по еден милиони долари месечно.