Тајсон одби огромна сума на пари за да боксува со Холифилд

epa08239501 Former Heavyweight Champions Mike Tyson (L) and Evander Holyfield (R) acknowlege the crowd after they were honored before the main event, the WBC World Heavyweight Championship title fight between Deontay Wilder of the USA and Tyson Fury of Britain, at the Garden Arena in Las Vegas, Nevada, USA, 22 February 2020. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Претставниците на Ивандер Холифилд лути го напуштија последниот состанок со луѓето кое се грижат за кариерата на Мајк Тајсон.

Откако Тајсон се врати во рингот и имаше егзибициски меч со Рој Џонс Јуниор, постојано се зборува за потенцијален нов бокс меч на големите ривали и поранешни светски шампиони во тешка категорија. Но, борбата која Мајк Тајсон ја најави за 29. или 31. мај оваа година во Мајами, очигледно е дека нема да биде против Холифилд.
Претставниците на Холифилд открија дека менаџерите на Тајсон одбиле загарантирани 25 милиони долари за бокс меч.
– Мислевме дека мечот е договорен, но се брзо пропадна кога луѓето на Тајсон ги одбија сите понуди. Ние имавме добра волја во преговорите, но на крајот испадна дека само го губевме времето – изјави менаџерот на Холифилд, Крис Лоренс.

Ивандер Холифилд и Мајк Тајсон два пати боксуваа меѓу себе во професионалната кариера и четири години постариот боксер славеше во двата меча. На првиот меч кој се одржа 1996 година, Холифилд во 11. рунда го нокаутира Тајсон, а во реваншот „Железниот Мајк“ беше дисквалификуван бидејќи одгриза дел од увото на својот противник.

Видео на денот