Тајсон Фјури потврди: За Џошуа е готово, ниту еден договор не е потпишан!

фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Британскиот шампион во тешка категорија во верзијата ВБЦ, Тајсон Фјури, ја информираше јавноста дека нема да има борба со Ентони Џошуа, велејќи дека неговиот сонародник не потпишал договор пред истекот на рокот во понеделник.

– Официјално е, Денот „Д“ дојде и помина. Ниту еден договор не е потпишан, така што за Џошуа е готово – рече Фјури на Инстаграм.

Фјури пред три недели јавно му понуди на Џошуа да се бори против него за титулата во тешка категорија.

Сè уште нема никаква потврда од Џошуа и покрај тоа што договорите беа издадени и испратени минатиот петок.

Тајсон одлучи да постави рок до понеделник, 26 септември во 17.00 часот за Џошуа да потпише договор за борба против него, а Џошуа одговори дека договорите во моментов ги разгледуваат неговите адвокати.

Неговиот промотор Еди Херн, во меѓувреме, инсистира дека нема шанси да се финализира договорот пред крајниот рок на Фјури во понеделник.

Фјури веќе избра замена и на 3 декември ќе се бори со поранешниот шампион на ВБА во тешка категорија, Махмуд Чар, откако 37-годишниот Германец го предизвика на борба на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот