Тајсон Фјури останува светски шампион, ја одбрани титулата против Чисора

фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Тајсон Фјури останува светски шампион во тешка категорија во ВБЦ верзијата откако на стадионот на Тотенхем во Лондон, пред 60.000 гледачи го победи Дерек Чисора и со тоа по третпат го одбрани шампионскиот појас.

Пред мечот на Фјури му беше загарантирана плата од 21 милион фунти, а на Чисора 3,8 милиони. Ова беше нивна трета борба и трета победа на Фјури.

По голема борба, британскиот боксер победи против својот сонародник со технички нокаут кога на 10 секунди до крајот на 10 рунда судијата Виктор Лахлин го прекина мечот.

Чисора го даде максимумот, но Фјури, кој доминираше во поголемиот дел од борбата, имаше поконкретни и опасни удари и на крајот славеше.

Во негов стил Фјури по мечот го прегрна својот ривал и го бакна во глава, а по борбата му честиташе на храброста и го скандираше неговото име.

По деветтата рунда, судијата дури разговараше со тренерот на Чисора затоа што ривалот на Фјури изгледаше прилично слаб, но Чисора ни тогаш не сакаше да се откаже.

Учинокот на Фјури сега е 33 победи (24 со нокдаун) и едно реми, додека Чисора има биланс од 33 победи (23 со нокдаун) и го претрпе 13 пораз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот