Тајсон Фјури бара половина милијарда да се врати во рингот

EPA-EFE/NEIL HALL

Британецот изјави дека не е важно дали станува збор за сума изразена во долари или во фунти, само да е половина милијарда. За тие пари би се реактивирал и би се соочил со Усик или со Џошуа

Боксерот Тајсон Фјури ќе бара 500 милиони фунти или долари за да се врати на рингот и да боксува против победникот од мечот помеѓу Олекснадр Усик и Ентони Џошуа, во меч за апсолутен светски првак во тешка категорија.

Се уште актуелниот шампион во верзијата ВБЦ изјави дека тој останува во пензија и само сума од половина милијарда фунти, односно долари, може да го натера да се врати меѓу јажињата.

Претходно имаше информации дека Фјури би се вратил на рингот и за 200 милиони фунти, но Британецот го отфрли ова и ја кажа сумата за која би подлегнал на искушението повторно да боксува.

– Веројатно би барал половина млијарда да се вратам на рингот. Ви ја зборувам вистината, ако сакате да го прекинам пенизонирањето тоа ќе чини половина милијарда. Долари или фунти не е важно, само да е половина милијарда – изјавил „џипски кинг“.

Во август во Саудиска Арабија Усик и Џошуа треба да се сретнат во реванш меч за титулите во верзиите ВБА, ИБФ и ВБО. Минатата година овие двајца имаа меч во кој Украинецот го победи Британецот и е ностел на споменатите титули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот