Тајните состаноци со претседателот на ФИФА го избркаа швајцарскиот јавен обвинител

twitter/Sport Exclusive

Швајцарскиот државен обвинител, Михаел Лаубер, си поднесе оставка бидејќи и покрај тоа што ги истражуваше скандалите во ФИФА, имал тајни средби со првиот човек на светската куќа на фудбалот Џани Инфантино.

Швајцарскиот управен суд смета дека Лаубер „сериозно ги прекршил“ правилата и должностите да биде служи и да биде верен на обвинителството, додека самиот обвинител вчера изјави дека во интерес на неговата сега веќе поранешна институција си поднел оставка.

Судот објави дека Лаубер меѓу другото намерно премолчал дека бил на три тајни состаноци со претседателот на ФИФА, а за кои сите петмина кои учествувале во нив, не се сеќаваат дека се одржале.
„Таква дупка во помнењето на неколку учесници може да се смета да апсурдна“, објави судот.

Во времето кога имал состаноци со Инфантино, обвинителот Лаубер истражувал неколку сомнителни случаи во кои е вмешана ФИФА како што се доделувањето на Светските првенства 2018 и 2022 година. Лаубер претходно ги развлекувал истрагите против германски фудбалски функционери поради сомнителните уплати поврзани со СП 2006 година поради што обвиненијата неодамна застареа.

Швајцарското обвинителство поради тајните состаноци на Лаубер со Инфантино покрена дисциплинска постапка уште во мај 2019 година додека во март оваа година му беше намалена платата за осум проценти поради што обвинителот се жалеше во државниот управен суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот