ТАЈНИТЕ СЛУЖБИ ВО ЕВРОПА-МИТОВИ И ПРОЗА: Во сите зла на светот задолжително се замешани тајните служби

Фото: Архива

Како што изгледа понекогаш, на денешниот свет не му врви на арно-а во сите зла на светот, без исклучок се замешани тајните служби. Случајот со труењето во Велика Британија, обидот за преврат во Црна Гора, сајбер нападите кон германското Министерство за надворешни работи, обиди за влијание во изборите во САД и Франција, или пак при поставување на бивши агенти на комунистичките тајни служби на врвовите во политиката, економијата и на целото општество, како во Чешка, Русија и на Балканите.

Последниот скандал на тој неславен список е аферата „Штрахе” поради која падна австрискиот вицеканцелар, снимен како ветува тендери на некакв руска дама, која за возврат ќе му помага и содејствува при изборите. Веројатно и тој случај не минал без содејство на тајните служби – па кој друг би располагал со такви можности.

Од друга страна пак, службите не се семоќни и неретко тоа што им се припишува, се покажува, чисто и просто, како обичен мит. Основниот фактор за нивната митологизација е длабоката таинственост со која се обвиени – особено во бившите социјалистички држави од Источна и Југоисточна Европа, каде што агентите ја потпомагале репресијата на државата. Истовремено, тајните служби се неодминлив дел од демократска Европа – но заради тоа ни најмалку не треба да се сомневаме дека митовите за нив не треба да бидат демаскирани.

Мит прв: Само државите имаат тајни служби

Ако се проследат дебатите за случајот „Штрахе” во Австрија, неминовно се помислува, а тоа е и пребрзаното мнение направено од некои експерти – дека таа операција може да е организирана само од тајните служби. А тоа е мит.

Низ цела Европа, веќе со децении, заедно со државните, дејствуваат и приватни тајни служби. Таканаречените „фирми за обезбедување” нудат достава на информации од секаков вид, треба само соодветно да се плати услугата. Вообичаено тоа се фирми кои се создаваат од бивши државни чиновници-професионалци, кои не само што нудат висококвалитетни услуги, туку и нивната поврзаност со определени политички или приватни клиенти е речи си невозможно да се докаже.

Мит втор: Лажните вести се новост

Поимот „фејк” за смислено распространување дезинформација, која има за цел определен ефект, стана модерен во последните пет години и со секавична брзина се рашири низ целиот свет. Во меѓувреме, тој поим мутира како политичка пресметка меѓу држави, партии и мислења во дигиталната ера, со која и се поврзува. Всушност, институцијата „дезинформација” не е од вчера, ниту од денес – социјалистичките тајни служби во Источна Европа, во продолжение на многу години, поддржувале тајни оддели, чија единствена задача била да произведуваат и да распространуваат лажни вести и лажни мненија за состојби. Колку да се знае, тој вид на дејност воопшто не е прекината по 1990 година, само сега е прикриена под плаштот на политичкиот систем, за одново, со нови сили се насочи кон центарот на настаните.

Мит трет: Европската Унија нема тајни служби

Во принцип, ЕС не би можел да има тајни служби – при состојба, како што е наведено во Лисабонските договори, надворешната политика и политиката за безбедност се во рацете на самите држави. Тие политики не се остваруваат на заедничко ниво. Сепак, наспроти тоа, во Брисел постои тело кое добива разузнавачки информации од државите членки, информациите ги дополнува со општествено достапни сознанија, прави сопствени анализи и ги доставува до европските институции: тоа е INTCN – Центар за разузнавање и анализи на Европскиот сојуз.

Разликата меѓу него и „вистинските” тајни служби е во тоа што тој центар не може сам да пронаоѓа информации со тајни разузнавачки средства, туку е зависен од информациите (јавни и тајни) кои му ги доставуваат земјите членки.

Мит четврт: Тајните служби се без контрола

При секој актуелен скандал поврзан со тајните служби, средставата за јавно информирање почнуваат да трубат: тие не се контролирани, работат без контрола и се туѓо тело во демократските системи! Ова особено таму, каде што општествата имаат историско искуство со тајните служби, користени од политичките раководства за наложување на диктатури. Таму, недовербата е широко распространета и разбирлива.

Такво нешто има и во Германија, но најмногу во посткомунистичките европски држави. Кај нив, 30 години по падот на комунизмот, реформските процеси уште не се завршени. Но, и во Западна Европа требаше да минат 50 години по Втората светска војна, за формите на демократска контрола да се развијат целосно. Тоа се процеси кои не возникнуваат сами по себе си. Нивното постојано усовршување и приспособување кон новите предизвици, се важен елемент на демократијата. Контролата врз тајните служби, извршувана од надзорни органи, парламентарни комисии, судски органи или пак од медиите не е совршена, не е перфектна. Но сепак, постои.

Мит петти: Тајните служби работат за светскиот заговор.

Најмногу во посткомунистичките држави, чии што тајни служби биле затворени и капсулирани, кои втерувале страв посилен од нивните реални можности, митот за нивната сесилност е сеуште широко распространет. А во Русија тој мит го зазема, најчесто, централното место.

Не дека тој мит нема реална почва, имајќи го предвид учеството на тајните служби во уривањето на еден или друг државник, учество во атентати, ободи за преврати и други „тајни операции”. Од Авганистан до Панама тајните служби – по наредба на своите влади, се замешани во нечесни дела.

Но тие во никој случај не го контролираат светот, како што си мислат теоретичарите на заговори и конспирации. Тајните служби се служби како и другите, располагаат со ограничени персонални и финансиски ресурси, зависат од своите влади и не се во состојба целосно да ги сочуваат тајните, специјално денес, во денешната дигитална ера. Таму каде што тајните служби навистина се занимаваат со заговори, тие се само инструмент и средство, притоа, не најдоброто.

Кристофер Неринг, Дојче Веле, преземено и преведено од Фактор.бг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот