Тајните писма на Бетовен и неговата љубов – Жанет

Во дворецот Шлос пред два века се одигрувала вистинска љубовна драма во која бил вклучен еден од најголемите композитори на сите времиња Лудвиг Ван Бетовен.

Жанет Д Онтар и Лудвиг Ван Бетовен биле врсници. Родени се во 1770 година и уште во најраната младост се вљубиле еден во друг.

профимедиа

Композиторот дамата ја опишал како привлечна русокоса од релативно високо друштво по позиција во општеството со ангелски глас. Изгледа дека таа не била рамнодушна на додворувањето од младиот дворски музичар. Неговата љубов брзо пламнала и била искрена, жестока и … кратка. Со благослов од родителите и поддршка од средината Жанет одлучила да се омажи за далеку побогатиот, угледен, гардиски капетан Карл Фон Грет.

Бетовен бил очаен, но вистинската емотивна криза настапила кога слушнал дека неговата прва љубов заминува со сопругот во најјужната и најверојатно најнегостољубивата покраина на Австроунгарското царство-Војводина. Капетанот Фон Грет добил прекоманда на самата граница на царството и сместување во малото сремско село Голубинци во дворецот Шлос. Но, ова не било крај на љубовната приказна на композиторот и убавата Жанет. Наскоро почнала тајно љубовно допишување.

„Полно срце дава слаб звук. Празно одекнува од сите тонови. Се чувствува, сепак, неговиот   копнеж и ах! Се разбира, неговиот копнеж“ – ѝ пишувал Бетовен на Жанет, истовремено праќајки ѝ ноти со најдобрите композиции кои некогаш ги напишал.

– Мене од тебе да ме раздвојат, тоа е преголема болка за моето срце – му одговарала таа, откривајќи дека не била рамнодушна и дека можеби се покајала за изборот.

Замокот Шлос во Голубинци. Фото – Јутјуб

Само поштари од голема доверба ги пренесувале овие писма од Голубинци до Виена. Тие ретко се потпишувале, од страв да не паднат во погрешни раце, но ракописите, подоцна се отпечатени. Голема колекција од писма денес се наоѓа во Бетовеновиот музеј во Виена. Не се знае со сигурност што се случило на крај со нивната романса. Од едно од писмата, кое е сочувано во Виена, може да се претпостави дека е пригоден крај на оваа приказна. Во него, Жанет детално опишува и го црта патот до Голубинци и дворецот Шлос. Многума ова писмо го гледаат како доказ дека барем еднаш, тајно, композиторот бил во Срем, за да ја види уште еднаш никогаш не прежалената сакана.

ФОТО: Beethoven Frieze – Густав Климт (1902)

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот