Тајните на преубавиот домашен леб

 

Ароматичниот мирисен леб со крцкава коричка е идеал за топла домашна атмосфера. Тајната на негова подготовка, според бабите, е во месењето. Тестото треба 100 пати да се удри од маса, за да има воздушест облик и со денови биде мек. Но, колку и да ви се чини дека не сте мајстор за месење леб сепак има неколку правила со чие почитување ќе дојдете до одлични резултати.

Прво е важен изборот на брашно, кое треба да биде суво и меко на допир. Најдобро е фино брашно кое е изработено само од внатрешниот дел на зрната и треба да го просеете непосредно пред подготовка. Ако сакате можете да искомбинирате пченично со јачменово, оризово, овесно, соино, пченкарно, спелтино или брашно од киноа.

Квасецот треба да е квалитетен, да не се лепи меѓу прст и лесно да се рони. Најчест рецепт за леб е брашно, вода, квасец и сол. А секоја друга состојка е личен избор. Додавањето топен путер горе ја прави кората мека. Медот и шеќерот како глазури се погодни за сладок леб. Маслиновото масло остава специфична пријатна арома.

При печење на дното од рерната добро е да ставите празен сад,  па кога ќе се загрее рерната лебот да го ставите на решетка над садот, а во садот додадете вода. За да нарасне лебот секои 15 минути треба да се дополнува садот со вода. Пред крај на печењето тргнете го садот од рерна, за да лебот има крцкава кора. Исто така не го покривајте печениот леб со крпа, ќе омекне кората.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот