Тајните мејлови на Харадинај и неконвенционалниот начин на лобирање кај високите претставници на САД

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Минатиот декември, Вашингтон со неверување го дочека сознанието дека премиерот на Косово Рамуш Харадинај, ангажирал лобисти кои се обидувале преку официјални канали да договорат негови средби со високи американски претставници, пишува „Лајми.нет“.

Мејловите кои Националниот совет за безбедност ги добил од кабинетот на Харадинај и компанијата на која и платил за да лобира за него. Ваквиот чекор, според српски „Курир“, претходно не е виден во американската дипломатска практика и принудил остар одговор од американските претставници.

Во мејловите кои ги објави „Метро Газета“, може да се забележи дека Харадинај го ангажирал Метју Оресман, преку фирмата „Pillsbury Winthrop Shaw Pittman LLP“, за да му договори состаноци со високи американски претставници во Вашингтон.

Поради ова Вилијам Беркли, еден од главните луѓе во Националниот совет за безбедност, му пишал на советникот на Харадинај, Еролд Белегу, дека изразува „неверување“ поради начинот на кој владата на Косово се обидела да лобира.

Тој исто така предупредил дека целата ситуација би можела да биде повод за започнување на истрага околу тоа како се користат парите на даночните обврзници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот