Тајните љубови на принцезата Дајана: Во бракот бевме тројца, па беше преголема гужва

Profimedia
Фото: Profimedia

Принцезата Дајана остана запаметена во историјата по својата љубезност, хуманитарната работа, но и по најскандалозниот брак во англиското кралско семејство.

Иако само еднаш беше во брак, постојано се зборуваше за мажите со кои наводно имала афера.
Михаел Гибинс, приватниот секретар на принцезата тврди дека Дајана го изневерила принцот Чарлс со пет мажи.

Во тој брак бевме тројца, па беше преголема гужва“, му раскажала Дајана на новинарот Мартин Башир.

Дајана и Чарлс, 15 јули 1993/Profimedia

Принцот Чарлс отсекогаш ја сакал Камила Паркер, а со Дајана се оженил по инсистирање на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора. Пред бракот Дајана и Чарлс се виделе само 13 пати.

Се ширеа приказни во медиумите дека на расплаканата Дајана, која поради бесчувствителноста на Чарлс доживеала напад на хистерија, принцот Вилијам ѝ додавал марамче преку дупка во подот на една од бањите во Бакингемската палата прашувајќи ја:

„Мамичке, зошто плачеш?“

Дајана не можела да го издржи присуството на Камила во нивниот брак и одлучила среќата да ја побара во љубовниците.

Дајана и Чарлс во Минхен, 4 ноември 1987/Profimedia

Иако во Англија прељубата со жената на кралот или престолонаследникот уште од 1351 година се смета за предавство и се казнувало дури и со смрт, никој од љубовниците на Леди Ди, не одговарал поради врската со сопругата на идниот крал. И покрај тоа што Законот го налага тоа, кралицата Елизабета за брачното неверство не ги казни ни Чарлс ни Дајана, туку во 1995 година побара да се разведат.

Покрај тврдењата на личниот секретар на Дајана дека таа го изневерила Чарлс со пет мажи, се спомнуваа и врски со други мажи, но секако за ништо од тоа не може со сигурност да се тврди дали е вистина или не.

Првиот љубовник на Дајана бил нејзиниот телохранител Бари Манаки. Поради врската со принцезата тргнат е од должноста, а загинал во сообраќајна незгода. Дајана мислела дека е истуркан од патот.

Profimedia

„Бев среќна само кога тој беше во близина. Мислам дека беше истуркан. Никогаш нема да дознаеме“, рече по неговата смрт Дајана за НБЦ.

Џејмс Хјуит наводно бил нејзиниот втор љубовник. Бидејќи како и принцот Хари и Хјуит има црвеникава коса, се ширеа гласини дека тој му е всушност биолошки татко на Хари, но тој го негираше тоа.

Џејмс Хјуит/Profimedia
Дајана му го врачува пехарот на Џејмс Хјуит 6 август 1989/Instagram
Instagram
Instagram

Поради пакистанскиот хирург Хаснат Кан Дајана неколкупати патувала во Пакистан, а како што пишуваа медиумите една ноќ нејзиниот батлер го внел во Кенсингтонската палата во багажникот од автомобилот. Нивната врска била турбулентна и често ја прекинувале. Кан се плашел од културолошките разлики што ги имале, како и од големото медиумско внимание на кое не бил подготвен. Во документарецот „Последните 100 дена на Дајана“ беше откриено дека Дајана и Хаснат имале прилично гласна и јавна кавга во лондонскиот Хајд парк, кога принцезата наводно му поставила ултиматум – или врската јавно ќе ја обелоденат или ќе прекинат.

Принцезата Дајана со хирургот Кристијан Барнард на хуманитарен настан во 1996 година. Во тоа време медиумите шпекулираа за романсата на принцезата со доктор Хаснат Кан/Profimedia

 

Во подоцнежната полициска истрага околу нејзината смрт Кан на истражителите им открил дека Дајана од него ја криела врската со Доди. Последната ноќ од нејзиниот живот Кан наводно ѝ се јавувал неколкупати, но таа не му одговарала. Се претпоставува дека го сменила бројот и одлучила целосно да ги прекине врските со него.

Дајана загина со продуцентот Доди ал Фајед. Неговиот татко, милијардерот Мохамед ал Фајед, тогаш изјави дека принцезата ја убиле зашто била бремена и верена со Доди.

Дајана и Доди/Профимедиа

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот