Тајни снимки потврдуваат дека САД се вмешани во конфликтот во Јемен (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Дел од американските медиуми емитуваа снимка за која се тврди дека прикажува како американската армија префрла големо количество оружје во Јемен за потребите на саудијските борци кои се обидуваат да ја урнат власта во оваа блиско источна држава.

Доколку се докаже вистинитоста на оваа снимка тоа ќе значи дека САД експлицитно ги крши своите одлуки со кои е забрането испраќање на оружје во 4 годишната војна во Јемен.

Особено што поголемиот дел од ова оружје завршува во рацете на одделни екстремистички групи кои во иднина би можеле да го злоупотребат ова оружје за терористички цели.

Се работи за конфликт во кој е вмешан американскиот сојузник Саудијска Арабија која со сите сили се обидува да го урне режимот во Јемен и да инсталира своја власт.

Геостратешки, Јемен е важен бидејки поседува нафтени наоѓалишта, па оттаму е јасен и интересот на Саудијска Арабија. Особено што актуелниот режим во Јемен е поврзан со најголемиот Саудијски регионален непријател и ривал Иран, кој исто така е вмешан во 5 годишниот крвав конфликт во оваа држава.

Американскиот конгрес донесе одлука да не се вмешува во конфликтот,иако сите овие години нескриено даваше подршка на својот блискоисточен сојузник Саудијска Арабија.

Саудијска Арабија во 2015 година започна со воена интервенција во Јемен, а беше критикувана поради жестокоста и начинот на кој ги изведува воените дејствија.

Настаните околу Јемен, во  фокусот на светската јавност дојдоа откако  беше ликвидиран Саудијскиот новинар Џамал Кашоги за чие убиство беше обвинето саудијското кралско семејство.

Сомнежот за причината на убиството беа доказите кои Кашоги ги поседуваше а со кои се докажува дека Саудијската армија при интервенцијата во Јемен користела оружје кое е забрането со меѓународните конвенции врз цивилното население.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот