ТАЈНИ СНИМКИ ОД ОЧАЈНИЧКИ ПОВИЦИ ЗА ПОМОШ: „Работодавците сексуално ме злоупотребуваат, рацете ми ги гореа во врело масло“

Фото: MD Mehedi Hasan / Zuma Press / Profimedia

Домашна помошничка од Бангладеш која работи во Саудиска Арабија на интернет објави видео-снимка во која тврди дека работодавците jа злоупотребуваат и сексуално ја искористуваат, а меѓу другите работи, и ги полевале рацете со врело масло и ја врзувале, јави „Делји меил“.

Жената на социјалните мрежи објави видео-снимка која тајно ја снимила, а на која во солзи зборува за наводното злоупотребување кај своите саудиски работодавци.

Во снимката вели дека очајнички сака да се врати дома, дека била нападната, прегладнувана и затворена цели 15 дена.

По оваа објава, Бангладеш аперлираше нивната работничка да се врати од Саудиска Арабија. Снимката ја објави на Фејсбук, каде таа е споделувана од илјадници луѓе, а своите шефови ги обвини и за немилосрдни сексуални напади. Таа ги покажа и своите раце кои се полни со бројни лузни.

– Можеби нема да успеам да преживеам. Ве молам, спасете ме. Ме заклучуваа на 15 дена и едвај ми даваа малку храна за тоа време. Ме гореа со врело масло и ме врзуваа – раскажува вознемирената 25-годишна девојка.

Нејзината објава предизвика протести во Дака, главниот град на Бангладеш, против лошите услови за работниците.

– Ме пренесуваа од една куќа до друга. Во првата ме мачеа и ме тепаа цело време, а потоа ме пренесоа во друга куќа, каде го правеа истото. Не верувам дека ќе преживеам. Мислам дека ќе умрам тука. Ве молам, спасете ме, извадете ме оттука – рече таа во солзи.

Од бангладешката невладина организација која се обидува да ја врати дома рекоа дека 25-годишната девојка и понатаму живее кај својот работодавец во Џедах, а мобилниот телефон ѝ е одземен откако ја снимила видео-пораката.

Од 1991 година, околу 300.000 жени од Бангладеш отпатувале надвор од земјата за да работат. Таквите работници испраќаат најмногу пари во земјата.

Владата во Дака минатата недела ја повика државната агенција за извоз на работна сила што е можно побрзо да ја врати дома оваа жена. Нејзиното семејство во Бангладеш се обидува да стапи во контакт со неа, но велат дека тоа сега е невозможно.

Саудиска Арабија пак порачува дека само за мал број на луѓе може да се каже дека се жртви, но истакнуваат дека саудиската влада не е виновна за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот