Тајни на кралското семејство: Зошто кралот Чарлс постојано го носи овој прстен на малиот прст?

крал чарлс трети
Крал Чарлс Трети / Фото: Принтскрин/Инстаграм/Профимедиа

Веројатно многумина го забележале златниот прстен на малиот прст на кралот Чарлс Трети, кој со години верно го носи.

За време на сите негови појавувања, кралот Чарлс Трети никогаш не го симнува златниот прстен на малиот прст од левата рака.

 

Погледнете ја оваа објава на Инстаграм

 

Објава споделена од Кларенс Хаус (@clarencehouse)

Богатата колекција накит на кралското семејство отсекогаш била фасцинантна и со години е во фокусот на јавниот интерес бидејќи секое парче има своја историја и посебно значење.

 

Погледнете ја оваа објава на Инстаграм

 

Објава споделена од Кларенс Хаус (@clarencehouse)

Бидејќи накитот во кралското семејство често има друга функција освен естетска, ова е случај и со прстенот на новиот крал.

Важното парче накит е на неговата рака од средината на 70-тите и никогаш не го симнува, комбинирајќи го со бурмата.

Принцезата Дијана и принцот Чарлс со нивниот син Вилијам
Принцезата Дијана и принцот Чарлс со нивниот син Вилијам / Фото: TopFoto / Woodmansterne / Topfoto / Profimedia

Во февруари 1981 година никогаш непрежалената Лејди Дијана и принцот Чарлс ја објавија својата свршувачка, а целото внимание го украде нејзиниот прстен од син сафир во комбинација со бело злато, додека ретко кој го забележа златниот прстен на малиот прст на најстариот син на неодамна починатата кралица Елизабета Втора.

 

Погледнете ја оваа објава на Инстаграм

 

Објава споделена од Кларенс Хаус (@clarencehouse)

Чарлс го носи споменатиот прстен од средината на 70-тите, а го носеше дури и на денот на неговата венчавка со Камила Паркер-Боулс во 2005 година, која ја доби титулата кралица откако нејзиниот сопруг беше прогласен за крал. Интересно е што новиот крал го носи својот венчален прстен на истиот мал прст од левата рака.

Профимедија
Фото: Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот