ТАЈНИ ДОКУМЕНТИ: По 4 чашки виски Милошевиќ попуштил пред Дејтонскиот договор

Слободан Милошевиќ / Фото: EPA/SRDJAN SUKI EPA/SRDJAN SUKI

По два часа разговор и четири чашки виски поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ, направил значителни отстапки за статусот на Сараево, во разговорите водени во САД во 1996 година, пред склучувањето на Дјетонскиот договор, пишува во тајни документи кои ги пренесува српски Блиц.

Белграѓани гледаат како тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон соопштува дека постигнат е Генерален рамковен договор за мир во Босна и Херцеговина, или Дејтонски договор за крај на војната во БиХ / Белград, 21 ноември 1995 / Фото: EPA SRDJAN SULEJMANOVIC

Милошевиќ притоа организирал и вечера на која се служеле јастози. Тој сакал да ги малтретира соговорниците, но и разменувал шеги со претседателот на Претседателството на БиХ, Алија Изетбеговиќ.

Алија Изетбеговиќ / 1996 / Фото: PA/FEHIM DEMIR

Додека Србите ги оплакуваа своите најблиски кои загинаа во војната во Босна и се скараа под економски санкции, Милошевиќ не се раздели од виски, се вели во тајните документи на кои се повикува Блиц.

Преговорите во Дејтон траеја од 1 до 21 ноември 1995 година, а договорот со кој се стави крај на четиригодишната војна во Босна беше потпишан во Париз на 14 декември. На договорот му претходеа разговори што се водеа во воздухопловната база „Рајт-Патерсон“ во Охајо.

Тогашниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ разговара со неговиот син Марко (лево), сопругата Марија (средина) и ќерката Марија (десно) на Белградскиот аеродром по склучувањето на Дејтонскиот мировен договор / 22 ноември 1995 / Фото: EPA SRDJAN SULEJMANOVIC

Главни учесници во разговорите беа претседателот на Србија Слободан Милошевиќ, претседателот на Претседателството на БиХ Алија Изетбеговиќ и претседателот на Хрватска Фрањо Туџман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот