Тајната за здрава коса е во храната

Производи од кои ќе имате коса од соништата.

Сакате здрава коса, свежа, „нерасцветана“? Побарајте помош од фрижидерот и од прозиводите кои веќе ги имате. Здравата исхрана битна е за косата колку и за телото, а клетките кои ја создаваат мора редвно да се снабдуваат со витамини, минерали, протеини, омега 3 масни киселини. Нема тука многу наука, повеќе од производите кои ги содржат ви се добро познати.

Ореви

Доволно ќе биде грст ореви на ден. Оревите содржат алфа-линоленска киселина, која е основната масна киселина на вашето тело потребна за навлажувачка коса и сјај. Тие исто така ја збогатуваат вашата природна боја.

Мандарини

Мандарините го удвојуваат растот на косата. Богати се со витамин Ц, кој му олеснува на нашиот организам да апсорбира железо од друга храна. Витаминот Б12 во мандарините го подобрува растот, го намалува опаѓањето и го успорува процесот на седечка коса.

Прочитајте и...  Секое јадење ќе го направите повкусно со советот на Џејми Оливер

Црна чоколада

Црната чоколада е секогаш омилен изговор кога ви е потребно нешто слатко. Сега мотивот за нејзино грицкање е само поголем. Содржи антиоксиданси, кое го спречуваат оштетувањето на вашата коса. Најдобро е да одберете чоколада со најмалку 70% какао.

Интегрален ориз

Интегралниот ориз е богат со цинк. Цинкот влијае на растот и дебелината на косата, па е добро да го јадете често.

Леќа

Иако не влегува во омилени јадења, леќата е многу корисна. Богата е со протеини, железо, цинк, има многу и фолна киселина. Вашето тело ќе биде многу благодарно што користите фолна киселин, затоа што таа го обновува здравјето на црвените крвни зрнца кои ја снабдуваат кожата на главата со кислород.

Прочитајте и...  Убавината скапо ја чинела, поради силните третмани косата ѝ опаднала, бубрезите ѝ откажале, а починала во болки!

Леблебија

Леблебијата е извор на витаминот Б9. Еден филџан леблебија дневно е извор на здравјето, важен за растот на косата и создавање на колагенот. Добри се за зајакнување на косата, го одложуваат седењето на косата и спречуваат првут.

Зелен чај

Само еден филџан зелен чај дневно, полн со полифеноли, е клучен за одржување на здравјето на вашата коса.

Грчки јогурт

Тој е полн со протеини, калциум и витамин Б5, а со тоа има и добри бактерии за здравјето на вашите црева.

Спанаќ

Спанаќот содржи себум што делува како природен мелем за коса. Обезбедува Омега 3 киселини, магнезиум, калиум, калциум и железо. Сето тоа ја прави вашата коса сјајна и делува на тоа да помалку опаѓа со нејзиното миење.

Прочитајте и...  Том Хенкс сам го финансирал снимањето на неколку сцени од „Форест Гамп“ (ВИДЕО)

Боровница

Пребогати се со антиоксиданси кои ефикасно делуваат на вашата коса.

Морков

Богат е со бета-каротин, кој се претвора во витамин А, кој ја подобрува циркулацијата во вашето тело, што дополнително ја зајакнува вашата коса.

Путер од бадем

Путерот од бадем содржи протеини,здрави масти и витамини кои се важни за здравата коса. За витаминот Е кој се наоѓа во ореовите плодови, научниците велат дека е одличен за нејзиниот сјај и волумен.

Цимет

Циметот ја подобрува циркулацијата што доведува до кислород и хранливи материи за вашата коса. Можете да го додадете во кафе, појадок или колач, нема да погрешите, а косата ќе ви биде благодарна.

Прочитај повеќе

Ако не сте мотивирани за работа, можеби сте осамени – размислете за тоа!

Слободен печат

„Шенон не сака да бега од вистината – таа умира“ – Пријател на славната актерка откри сè за нејзината борба со ракот

Слободен печат

Топ 10 најпопуларни имиња на кучиња за различни раси и големини

Слободен печат

Како до неодоливо и сочно месо – Маринада за месо на скара со која секое залче ќе има уникатен вкус!

Слободен печат

Анџелина Џоли на 16 и 44 години: Прашува на која слика е поубава (ФОТО)

Слободен печат

Том Хенкс сам го финансирал снимањето на неколку сцени од „Форест Гамп“ (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Трик на една мајка по кој плочките во бањата ќе ви блескаат

Слободен печат

Светот нема ништо да ви подари, верувајте ми – Ако сакате да имате живот, украдете го: Највредните цитати на Гијом Мисо!

Слободен печат

Хроно појадок: Зучини тава

Слободен печат

Хибискус: Моќна билка која го нормализира високиот притисок

Слободен печат

Хороскоп за 27 септември, недела – Не ја бркајте среќата, дозволете таа да ве пронајде

Слободен печат

Виц на денот: Туѓи грешки

Слободен печат