Тајната позади тијарата која Кејт Мидлтон ја носеше на кралската венчавка: Тијарата на лејди Дајана не беше достојна (ФОТО)

ЕПА

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се венчаа во 2011 година во Вестминистер Аби. Свадбата ја гледаа милиони гледачи, а се потсетуваше на венчавката на Дајана и принцот Вилијам од далечната 1981 година.

Венчавката на Кејт Мидлтон беше една од најисчекуваните на светот, а сите елементи од венчавката беа предмет на озборувањата, вклучувајќи го и накитот. Меѓутоа, постоеше само една впечатлива разлика.

ЕПА

Многу љубители на кралското семејство сметаа дека сопругата на принцот Вилијам на денот на венчавката требаше да ја носи истата тијара како и неговата мајка.

Тоа не се сличи, бидејќи Кејт ја носеше Картиер Скрол тијарата, која ја позајми од кралицата Елизабета Втора.

Таа е изработена од платина со еден впечатлив дијамант во средината.

профимедиа

Екслузивната тијара била предадена на кралицата Елизабета Втора како поклон за 18 роденден.

Тијарата на Дајана пак била малку поголема и имала цветен дизајн, изработена била од повеќе метали со дијамантни цветови во облик на ѕвезда.

Сепак, Кејт оваа тијара не ја носела бидејќи тоа не е кралска тијара.

ЕПА

Станува збор за тијара која му припаѓала на семејството на лејди Дајана Спенсер и е позната како тијарата на Спенсерови, а нејзината историја е уште од 1838 година.

Тијарата на денот на венчавката ја носеле и сестрите на Дајана, лејди Џен и лејди Сара Спенсер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот