Тајната на триумфот на Реал, Роналдо на полувремето влезе во соблекувалната

твитер

Реал Мадрид со победата над Барселона од 2:0 се врати на лидерската позиција на табелата во Ла Лига.

Во првото полувреме од „Ел Класико“, Барселона беше подобар тим, имаше дури три изгледни шанси за да постигне гол и да го замолкне „Сантојаго Бернабеу“, но Тибо Куртоа се покажа како непремостлива пречка за Лионел Меси и соиграчите.

Во вториот дел, фудбалерите на Реал беа далеку подобри, тие го диктираа ритамот на игра и со два гола, на Винисиус во 71. минута и на Маријано Дијаз во судиското продолжение дојдоа до победа над најголемиот ривал.

Стрелецот на првиот гол, Винисиус Жуниор, откри дека заслуги за добрата игра во второто полувреме има поранешната ѕвезда на тимот, а сегашен играч на Јувентус, Кристијано Роналдо кој ги посетил фудбалерите на полувремето.

– Роналдо на полувремето влезе во нашата соблекувална за да не поддржи. Токму затоа и го прославив својот гол, исто како што правеше Роналдо. Тој е победник и на теренот и надвор од него – изјави Винисиус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот