Тајна венчавка: Рита Ора се омажи за 15 години постариот режисер Таика Ваитити

Фото: Профимедиа/EPA-EFE/JUSTIN LANE/EPA-EFE/BIANCA DE MARCHI

Токму како што се очекуваше, пејачката Рита Ора (31) и нејзиниот 15 години постар свршеник Таика Ваитити се венчаа на интимна церемонија во Лондон, опкружени со блиски пријатели и семејството.

Рита Ора пред неколку месеци тајно се сврши со своето момче, режисерот и продуцент Таика Ваитити, со кој е во врска нешто повеќе од една година. Пејачката, чии корени се од Косово, избрала мала, интимна церемонија во Лондон, каде што е родена и израсната.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Рита и Таика започнаа да се забавуваат во март 2021 година, пред да излезат во јавноста со нивната романса во август.

Двојката се сврши пред два месеци, а извори сега тврдат дека планираат огромна забава за да ја прослават нивната тајна венчавка.

Нејзиниот избраник, 46-годишниот Австралиец Ваитити и таа се договориле дека најпрво сакале помала прослава за своите најблиски пријатели и семејството без никаква медиумска помпа.

Далеку од љубопитните очи, го изговориле судбоносното „да“ и се заколнале на вечна љубов еден на друг. Пејачката наводно веќе го променила презимето, па отсега се вика Рита Ора Ваитити.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Idyllic (@superdupercoolphotos)


„Оваа церемонија беше толку убава и интимна. Се гледаше колку се сакаат. Иако и двајцата живеат со присуство на медиумите, и Рита и Таика успеаја да ја држат својата врска долго време подалеку од таблоидите и екраните. Тие, исто така, не сакаа од својата свадба да направат големо претстава за јавноста.“

Инаку, 31-годишната Рита пред Таика беше во врска со бројни познати мажи, а најпозната е врската со шкотскиот диџеј Калвин Харис. Зад Таика е пропаднатиот брак со режисерката Челзи Винстанли, од која се разведе во 2018 година.

Рита Ора ќе се мажи: Пејачката и режисерот Таика Ваитити планираат мала церемонија

Дали новата љубов на Рита Ора е окаровецот Таика Ваитити?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот