Тајна состојка за највкусна салата од краставици

краставица
Фото: Profimedia

Свежите краставици се послужуваат како освежувачки и крцкав додаток со разни јадења, а особено оние добро зачинетите. 

Тие одлично се согласуваат со сосови на база на јогурт, а претставуваат и одлична намирница за салата што можете да ја послужите со само малку сол и бибер.

Но, ако сакате да го подобрите вкусот на свежите краставици – маринирајте ги со екстракт од лимон. Станува збор за состојка која почесто се користи при подготовка на колачи и торти. Но, има силен вкус на цитрус што одлично ќе се согласува со краставиците.

Имајте на ум дека екстрактот од лимон може да се замени со свежо исцеден сок од ова цитрусно овошје, но дека нема да добиете ниту приближно исти резултати. Успешноста на салатата и нејзиниот неверојатно освежувачки вкус се засноваат токму на употребата на екстракт од лимон.

Состојки:

  • 3 големи краставици
  • 150 мл оцет
  • 6 лажички бел шеќер
  • 1 лажичка екстракт од лимон
  • сол и бибер по желба

Подготовка:

Краставиците добро измијте ги и исечете ги на мали парчиња. Ако сакате, може да ја извадите и лушпата на краставицата пред да ја исечете на парчиња. Во посебен сад измешајте ги оцетот, шеќерот, екстрактот од лимон, солта и биберот. Течноста прелијте ја преку краставиците. Затворете и ставете во фрижидер за вкусовите да се соединат, барем два часа, а идеално би било преку ноќ. Салатата послужете ја изладена со јадење по желба.

Видео на денот