„Тајмс”: Трамп сака средба со Путин пред претседателските избори во ноември

Доналд Трамп и Владимир Путин / Фото Архива на СП

Во написот се истакнува дека за време на телефонскиот разговор на 13 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и државниот секретар на САД, Мајк Помпео ја потврдиле својата желба Трамп и Путин да одржат таков состанок.

Претседателот на САД Доналд Трамп сака средба со неговиот руски колега Владимир Путин пред изборите во САД во ноември. Тоа го објави британскиот весник „Тајмс”, кој, сепак, не наведе извор за информацијата.

Медиумот јави дека најверојатен датум за одржување на таков состанок е 15 септември, кога ќе се одржи годишното Генерално собрание на ОН во Њујорк.

Во написот се истакнува дека за време на телефонскиот разговор на 13 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и државниот секретар на САД, Мајк Помпео ја потврдиле својата желба Трамп и Путин да одржат таков состанок.

Нема официјални извештаи за евентуална средба меѓу Путин и Трамп на маргините на ГС на ОН, ниту од Русија, ниту од САД.

Двајцата лидери последен пат се сретнаа на состанок на Г20 во Јапонија пред повеќе од една година. Разговорите меѓу Путин и Трамп траеја еден час и 20 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот