„Тајмс”: САД запленија руски ракетен систем „Панцир Ц-1″ во Либија

Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Британски „Тајмс“ објави дека САД заплениле камион со ракетен систем „Панцир Ц-1“ од руско производство во Либија. Противвоздушниот ракетен систем, како што додава медиумот, „и припаѓа на Либиската национална армија (ЛНА) што има поддршка од Русија во испораката на оружје“.

Според британскиот магазин, тајната операција била извршена поради стравувања дека „Панцир Ц-1″ може да падне во рацете на милиции или шверцери на оружје и со него да бидат соборени цивилни авиони. Системот е пренесен во американската воздухопловна база „Рамштајн“ во југозападна Германија.

Специјалната операција вклучувала испраќање тим со товарни авиони на американското воено воздухопловство на аеродромот во Зуара, западно од Триполи, минатиот јуни и транспорт назад до „Рамштајн“. Инсталацијата ја купиле Обединетите Арапски Емирати од Русија по што била испратена во Либија.

Либија е поделена на два дела и функционира со два парламента и две влади. Конфронтацијата е меѓу владата за национално единство на Фајез Сараџ (го контролира Триполи и западниот дел на земјата) и Либиската национална армија под команда на маршалот Калифа Хафтар (соработува со парламентот во источниот дел на земјата).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот