„Тајмс”: Русија во кампања за ширење на паника за вакцината против ковид-19 од Оксфорд

Фото: talkingretail.com

Русија спроведува кампања на дезинформаци за ширење на паника во врска со вакцината што ја развива универзитетот во Оксфорд, објави британскиот весник „Тајмс”.

Весникот забележува дека кампањата издала предупредувања дека вакцината може да ги претвори луѓето во мајмуни, затоа што вирусот на шимпанзата бил користен како вирусен вектор.

Изданието нагласува дека Русија напаѓа држави каде сака да ја продава руската вакцина „Спутник V“, како и во западните земји.

„АстраЗенека“, фармацевтскиот гигант, кој планира масовно да ја произведува вакцината на Универзитетот во Оксфорд, ако биде дозволена, коментира дека дезинформациите се голем ризик по јавното здравје.

Претходно оваа недела, рускиот лидер Владимир Путин објави дека во Русија е развиена втора вакцина против ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот