18.8 C
Скопје

Тајландскиот премиер казнет 190 долари за неносење на маска

Тајландскиот премиер Прајут Чан-Оча денеска бил казнет затоа што не носел маска, откако стапија на сила новите ограничувања за коронавирусот во обидот да се спречи ширењето на инфекцијата низ земјата, пренесуваат француските медиуми.

Носењето маски од денеска е задолжително во јавниот простор во 49-те провинции и главниот град Бангкок, каде најновото жариште е пронајдено во кварт од ноќниот живот. Некои места ова барање го проследуваат со парична казна од 20.000 бати (640 американски долари).

Откако денеска на социјалните мрежи се појави фотографија од немаскираниот премиер Прајут Чан-Оча, кој присуствуваше на состанок, гувернерот на Бангкок рече дека премиерот е казнет со 6.000 бати (190 американски долари).

„Како гувернер на Бангкок, поднесов жалба против премиерот, кој ја прифати казната”, напиша гувернерот Асвин Куанмуанг на Фејсбук.

Во Тајланд денеска беа регистрирани околу 2.048 нови случаи на заразени со коронавирус. Претходниот ден земјата регистрираше најголем дневен број жртви од почетокот на пандемијата – 11.

Поврзани вести

ВИДЕО | Андоновиќ: Тензии во Црна Гора – владата на Кривокапиќ пред оставка поради резолуцијата за Сребреница

Слободен печат

Анкета за бугарските избори: Разликата меѓу ГЕРБ и „Има таков народ“ е помала од 2 отсто

Слободен печат

ВИДЕО | Д-р Пановски: Нов бран нема да биде ни приближно силен како претходните

Слободен печат

ВИДЕО | Дерала: Мобилност, посветеност и непристрасност – отворен повикот на ЦИВИЛ за набљудувачи

Слободен печат

180 санкционирани возачи во Скопје

Слободен печат

Директорот на руско разузнавање тврди: Сталин ја нарекол дезинформација пораката дека Германија е подготвена за напад врз СССР

Слободен печат

Остави Коментар