Тајланд: Средношколци на протест против „диносауруси”

Со парада на луѓе облечени во костуми на диносауруси, кои го претставуваат тајландскиот естаблишмент, средношколци денеска поведоа протест на илјадници луѓе во Бангкок со повици за уривање на владата и реформа на монархијата.

Тоа е првиот голем протест откако премиерот Прајут Чаноча во четвртокот рече дека полицијата ќе ги спроведе сите закони против демонстрантите, кои станаа најголем предизвик за тајландските власти во последно време.

– Ние ги претставуваме метеоритите кои ги уништија диносаурусите”, рече 15-годишниот водач на средношколците Бенџамапорн Нивас.

Протестите, кои се одвиваат од јули, се однесуваат на три основни барања: отстранување на поранешниот лидер на хунтата Прајут од функцијата премиер, нов устав и реформа на монархијата.

Но, средношколците бараат и поголема слобода и пофер третман во образовниот систем, за кој тврдат дека е архаичен и првенствено е насочен кон поттикнување на послушноста.

Многумина, исто така, зборуваа за важноста на родовата еднаквост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот