Тајланд: Од подводна цевка се излеале 50.000 литри нафта

Тајланд
Еколошка катастрофа во Тајланд / Фото: EPA-EFE/ROYAL THAI NAVY

На плажа во источниот дел на Тајланд прогласена е зона на еколошка катастрофа, откако се излеа нафта од подводна цевка, а песокот поцрни.

Околу 50.000 литри нафта истекоа во океанот.

Дел од нафтата вчера стигна до брегот, проширувајќи се на 47 квадратни километри.

Припадниците на тајландската морнарица разговараат со компанијата која е сопственик на нафтоводот за да се санира штетата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот