Тајланд е во пикот на епидемијата, болничките капацитети се исполнети, пациентите се лекуваат на паркинзите

Медицински лица / Фото: EPA-EFE/FRANCIS R. MALASIG

Болниците во Тајланд се под голем притисок поради големиот број луѓе кои страдаат од коронавирус, а лекарите се принудени да лекуваат пациенти на паркинзите пред болниците, поради недостаток на кревети.

Поради влошувањето на епидемиолошката слика, лекарите мора да ги вратат сериозно болните случаи со Ковид-19, пишува „Гардијан“.

Тајланд доби пофалби за успешното реагирање на епидемијата минатата година, кога одржуваше најмал број на случаи во светот, но гневот кај јавноста расте поради бавната кампања за вакцинација.

За околу четири месеци од почетокот на новиот бран на Ковид-19, смртните случаи во земјата се зголемија од 100 на 4.146.

Само во вторникот, пријавени се 14.150 нови инфекции и 118 смртни случаи од Ковид-19.

Владата е критикувана што не воведе полициски час пред неколку месеци кога бројот на случаи беше помал. На 12 јули беа воведени разни ограничувања во областите со висок ризик, како што е главниот град Бангкок.

Во понеделникот, стотици академици и медиумски работници издадоа заедничко соопштение во кое повикуваат на поголема транспарентност во врска со договорите за вакцини, вклучувајќи детали за тоа кој и кога примил вакцина.

Изјавата дојде по писмото од „АстраЗенека“ што протече во јавноста, во кое се вели дека ќе достави 6 милиони дози вакцини месечно на Тајланд, што не се совпаѓа со изјавата на владата дека треба да добие 10 милиони дози.

Околу 5 проценти од тајландското население е целосно вакцинирано, додека 17 проценти примиле единечна доза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот