Тајфунот „Тапа“ направи хаос во Јужна Кореја: Поплави, семејства без струја и најмалку 26 повредени

Фото: Принтскрин

Најмалку 26 лица се повредени во налет на тајфун што ги погоди јужните делови на Јужна Кореја, соопштија денеска официјални лица, додавајќи дека 27.790 домаќинства останале без струја.

Тајфунот  „Тапа” претходно погоди делови од јужните острови на Јапонија, при што обилните дождови предизвикаа поплави.

Министерството за внатрешни работи на Јужна Кореја соопшти дека тајфунот е проследен со поројни врнежи од дожд и силен ветер. Сега тајфунот ослабува и се движи кон североисток.

Дваесет и шест лица се повредени, од кои едно сериозно.

Медиуми од Јужна Кореја објавија дека три лица загинале, но Министерството соопшти дека ниту еден случај не бил поврзан со налетот на тајфунот.

Поплавени се улици, оштетени се домови, а околу 250 летови се откажани на 11 аеродроми во Јужна Кореја.

Се очекува тајфунот да донесе големи врнежи од дожд во крајбрежните градови на Северна Кореја, но нема да предизвика штета.

Тајфунот претходно го погоди јужниот јапонски остров Окинава, каде 18 луѓе беа повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот