Тајфунот ќе ја одложи парадата за крунисувањето на јапонскиот цар

фото: Принтскрин

Јапонската Влада разгледува можност да ја одложи парадата по повод крунисувањето на царот Нарухито, закажана за следната недела, поради тајфунот Хагибис во кој досега загинаа најмалку 77 луѓе.

Владата во Токио планира да ја одложи парадата за да може целосно да се посвети на ублажување на последиците од тајфунот.

Во налетот на тајфунот уништени се или оштетени 1.600 домови, 346 лица се повредени, а 10 се водат како исчезнати.

Нарухито (59) го наследи престолот во мај, откако неговиот татко Акихито абдицираше. Акихито е првиот јапонски цар кој абдицирал во последните 200 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот