ТАЈФУНОТ ХАГИБИС НИЗ ФОТОГРАФИИ: Јапонија се справува со последиците од најсилната бура во последните години

Фото: Профимедиа

Јапонски војници денеска спроведуваат спасувачки акции, во обид да им помогнат на жителите, заробени во бројните поплави предизвикани од тајфунот Хагибис, во кои загинаа најмалку 10 лица, а 17 се пријавени за исчезнати.

Фото: Профимедиа

Хагибис, кој предизвика поплавени куќи, лизгање на земјиштето, поројни води, бура со обилни дождови, ги зафати централните и источните делови на Јапонија.

Големи поплави има во централниот регион Нагану, каде попушти насипот, па реката Чикума ги поплави куќите, кои се во вода до првиот кат.

Фото: Профимедиа

Жителите се терасите додека чекаат за помош, од каде мавтаат со бели крпи на хеликоптерите на јавната телевизиска мрежа НХК и јапонските сили за самоодбрана.

Фото: Профимедиа

– Во текот на ноќта, издадовме препораки за евакуација на 427 куќи со 1.417 луѓе – изјави Јасухиро Јамагучи, шеф на службата за спасување во Нагано.

Фото: Профимедиа

На околу 7,3 милиони Јапонци вчера им беше препорачана евакуација, по рекордни врнежи од дожд. Десетици илјади одговорија на тие препораки. Тие се сместени во спортски сали каде им се обезбедува вода, храна и ќебиња.

Фото: Профимедиа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот