Тајфунот Факсаи во Јапонија однесе најмалку два животи и остави повеќе од 450.000 домови без струја

Фото: Принтскрин

Најмалку две лица загинаа, а над 450.000 домови во јапонскиот округ Чиба и понатаму се без електрична енергија поради силниот тајфун Факсаи.

Силниот тајфун предизвика и високи температури на воздухот, па така во прекин е и водоснабдувањето, поради што десетина луѓе побарале лекарска помош.

Факсаи, со брзина на ветерот од 215 километри на час, се смета за еден од најсините тајфуни кои го погодија источниот дел на Јапонија. Покрај недостигот на струја и вода во прекин е и сообраќајната мрежа во градските средини.

Тајфунот ги уништи и оризовите полиња и овоштарниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот