Тајчи покажа како изгледала пред да стане голема поп – ѕвезда, а потоа и го „отстапила“ местото на Северина

Instagram
Instagram

Поранешната голема ѕвезда од 90-тите, денес со американска адреса на живеење Татјана Камерон – Тајчи, се присети на деновите во Загреб, кога била на 17-годишна возраст. Набргу потоа, таа ја пресече косата и ја обои во сина боја, како што ја паметиме од времето на нејзината најголема слава. Во тоа време, таа неодоливо потсетуваше на позната актерка.

Во тинејџерските години, Татјана Камерон Таjчи носеше трендовска фризура – дебели кадрици и наликуваше на актерката Никол Кидман од нејзината младост – кога и самата таа имаше бујни кадрици.

Instagram
Instagram

Ова беше од мојата прва фотосесија за насловната страница на едно списание откако освоив две награди на голем музички настан. Ние често забораваме колку навистина се способни и неверојатни 17-годишници. Немојте да им кажувате: „Ах, што знаете, вие сте сè уште мали, напиша под фотографијата Тајчи.

Легендарната шминкерка и фризерка, покојната Вишња Трусиќ, беше целосно одговорна за имиџот на младата ѕвезда во тоа време.

За време на тогашниот Избор за песна на Евровизија во Задар, Вишна ја исправила природно витканата коса на Тајчи, ја потшишала, ја офарбала со бланш и комплетно и ја сменила шминката. Пејачката не се препознала во огледало. Таа подоцна рекла дека не е склона на промени, но ако веќе треба да се случат, нека бидат драстични. Навистина и се допаднал новиот изглед, кој не го промени со децении.

Instagram
Instagram

Потсетуваме, на само 20 години, Тајчи стана слава, а потоа реши да се повлече од сцената. Таа ја напушти Хрватска и замина во Америка. Во догледно време, таа откри како изгледал последниот разговор со Зринко Тутиќ, кој се „борел“ со сите сили да ја задржи Тајчи.

Ајде, ќе ти дадам уште една шанса, не заминувај, сè ќе биде во ред, но ако навистина одиш, Северина чека на другата линија, ако си одиш јас и се јавувам и ќе го дадам твоето место, раскажа Тајчи за „Јутарњи лист“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот