Тајани до пратениците: Искористете ја позицијата за да се слушне вашиот глас во Европскиот парламент

фото: Кабинет на претседателот на Собранието, Африм Гаши

Собранискиот спикер Африм Гаши се сретна со првиот италијански дипломат, Антонио Тајани. На средбата присуствувле и пратеници од Собранието, членови на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Италија.

„Гаши се заблагодари за значајната поддршка од Италија во процесот за пристапување во Европската Унија. Тој нагласи дека двете држави неодамна одбележаа 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи и дека нашите релации се традиционално добри и пријателски, со активен политички дијалог и динамична секторска соработка“, стои во соопштението од Законодавниот дом.

Тајани изразил силна поддршка од Италија за полноправното членство на Македонија, како и на другите држави од Западен Балкан, во Европската Унија, откако ќе се затворат сите поглавја. Тој рече оти очекува тој процес да заврши што е можно побрзо, нагласувајќи ја притоа важната улога на парламентите.

„Вие како парламентарци може да почнете многу иницијативи и да ја искористите својата позиција за вашиот глас да се слушне во другите национални парламенти и пред се во Европскиот парламент, каде што со посебна важност се третира прашањето на проширувањето, како и интеграцијата на земјите од регионот“, им порачал на пратениците шефот на италијанската дипломатија.

„Гаши истакна дека Северна Македонија и регионот во целина географскии припаѓа на Европа и дека се надева оти многу брзо и политички ќе стане дел од Европската Унија. Притоа, претседателот на Собранието нагласи дека Северна Македонија, на патот кон остварувањето на своите стратешки цели, покажа голем капацитет за дијалог и за компромиси, што треба да биде пример за другите аспиранти за членство како се надминуваат отворените прашања и как се градат добри меѓусоседски односи“, информираа од кабинетот на Гаши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот