Тагува Сити, но и Баерн: Сане на терените после Нова година!

EPA-EFE/PETER POWELL

После лекарските анализи се објавија информации дека Сане долго време ќе биде надвор од теренот.

Првите најави дека премиерлигашкиот шампион ќе биде без германскиот репрезентативец во првиот дел од сезоната, ќе биде „аут“ шест-седум месеци, ако се земе предвид дека играчот ќе подлегне на хируршки зафат на лигаментите на десното колено.

Оваа информација ги шокираше и германските фудбалски шампиони кои минатата недела речиси го имаа на своите раце играчот за кого беа подготвени да одвојат рекордна сума на пари.

Тоа што е сигурно, Сане ова лето нема да замине во екипата на Баерн Минхен поради сериозната повреда. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола нема намера да се ослободи од услугите на својот играч и се надева дека после Нова година ќе му биде на располагање.

Да додадеме уште дека за Сити 12 милионски договор потпиша Педро Поро од Жирона, но Гвардиола веднаш го испрати на позајмица во Реал Ваљадолид. Десниот бек на шпанскиот клуб играл и за репрезентацијата на Шпанија на Европското првенство и еден е од играчите кој ветува многу во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот