„Тагува“ фудбалскиот свет, Робен ја заврши кариерата

twitter.com/official433

Робен ја завршува кариерата, вистински шок за сите љубители на холандскиот ас кој по разделбата со Баерн најавуваше дали ќе игра и во наредната сезона, но одлучи летово да се повлече како шампион.

Вкупно 10 години ги бранеше боите на Баерн од Минхен со 201 настап и 99 голови, со вкупно осум бундеслигашки титули. Со баварскиот гигант го освои и трофејот во Лигата на шампионите во сезоната 2012/2013.

Имаше големи успеси со уште две звучни екипи, со Челзи двапати шампион во Премиер лигата и еднаш со Реал Мадрид во шпанската „Ла Лига“.

– Размислував многу во текот на изминатите неколку недели. Како што знаат сите, ми требаше време да донесам одлука околу мојата иднина после мојот последен натпревар за Баерн Минхен. И решив да ставам крај на мојата кариера како професионален фудбалер. Без сомнение, ова е мојата најтешката одлука во кариерата. Доаѓа време кога ќе сфатиме немате повеќе 16 години и телото кое нема поим што е повреда – вели Робен.

Додава дека моментно е во најдобра здравствена ситуација и со оглед на тоа што е љубител на неколку други спортови, сака така и да остане.

Кариерата ја започна во Гронинген, па се пресели во ПСВ Ајндховен. За репрезентацијата на Холандија имаше 96 натпревари и беше финалист на СП во 2010 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот