Тага во Њујорк: Почина 5-годишно дете од коронавирус, уште 73 се во тешка состојба

Коронавирус во САД/Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Куомо додаде дека во државата Њујорк се евидентирани 73 случаи на деца кои сериозно се заболени и развиле симптоми слични на оние кои ги имаат болните од Кавасакиева болест.

Во Њујорк, по компликации предизвикани од Ковид-19 почина петгодишно момче, додека ширум истоимената американска сојузна држава тешко заболени се десетина деца, изјави гувернерот на Њујорк Ендру Куомо, пренесува АП.

Куомо додаде дека во државата Њујорк се евидентирани 73 случаи на деца кои сериозно се заболени и развиле симптоми слични на оние кои ги имаат болните од Кавасакиева болест.

„Им препорачувам на сите родители кои се уверени дека нивните деца не можат да се разболат од ковид-19 им предлагам да преиспитаме колку точно децата се отпорни на коронавирусот“, апелираше гувернерот Куомо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот