Тага во Хрватска: На само 22 години почина успешна таеквондистка и освојувачка на бројни медали

Фото: taekwondo.hr

Спортот во Хрватска го погоди трагична вест за смртта на 22-годишната Хана Влашиќ која во кариерата успеа да стане повеќекратна шампионка и иако млада беше важна фигура во хрватското таеквондо.

Во овој спорт успеа да остави длабока трага во својата земја. Зад себе има бројни државни медали и повеќе меѓународни титули како: Европска кадетска шампионка од Родос во 2017 година, европска јуниорска шампионка во Анталија 2019 година и петто место на Светското првенство во кадетска конкуренција во Перу 2016 година.

„Хана ќе остане вечен пример за вистинска спортистка целосно посветена на своите цели. Нејзиниот белег ќе остане запаметен засекогаш“, објави Хрватскиот таеквондо сојуз.

Фото: taekwondo.hr

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот