Тага во домот на Јелена Томашевиќ, почина таткото на пејачката

Српската пејачка Јелена Томашевиќ сподели тажна вест на својот инстаграм-профил. Имено, таа објави дека нејзиниот татко починал пред неколку дена.
Томашевиќ објави негова фотографија од младоста и една заедничка фотографија од нејзин концерт, а во описот напиша емотивна порака, со која се прости од својот драг родител.
„Мојот добар и убав татко! Веќе неколку дена не ми се верува дека тоа е реалноста, дека си замина. Знам дека си со ангелите, затоа што таквите добри луѓе тоа го заслужуваат низ овој земен живот со твојата благородност и чесност! Ти благодарам што секогаш веруваше во мене и ти благодарам за љубовта и поддршката во текот на мојот живот. Не можев да добијам подобар подарок! А сега патувај низ светлината, нека твојот прекрасен глас одѕвони низ целиот универзум! Те сакам засекогаш мој ангел чувару“, напиша пејачката.

Како потсетување, Јелена Томашевиќ има и брат – Дарко, кој исто така се занимава со музика, но не се експонира во медиумите.
