Тага во Англија, почина легенда на Премиер лигата и освојувач на Светското првенство

Рон Флауерс одигра повеќе од 500 натпревари за Вулверхемптон и освои три титули/ фото: PA Images / Profimedia

Легендарниот фудбалер кој својата слава ја стекна играјќи за Вумверхемптон и англиската репрезентација, Рон Флауерс, почина на 87-годишна возраст.

Флауерс е роден во Донкастер во Англија каде и започна да тренира фудбал во локалниот тим, но набрзо доби отказ по што се пресели во Б тимот на Вумверхемтон, екипата на Вот.

За овој тим играше две години по што беше преселен во првиот тим на Вулверхемптон со што започна подемот на Флауерс. Тој стана стандарден првотимец на Вулверхемптон и настапи на повеќе од 500 натпревари и освои три титули.

Најголемиот успех Рон Флауерс го оствари со англиската репрезентација бидејќи беше дел од тимот кој во 1966 година триумфира на Светското првенство.

Интересно е што Флауерс првично не доби златен медал бидејќи не настапи во финалето (медали добија само играчите кои играа во големото финале), но неправдата беше исправена во 2009 година кога и остатокот од англиската репрезентација ги доби медалите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот