• жител

Полицијата уапси тетовчанец со марихуана

На 03.01.2020 во 21.50 часот, полициски службеници од СВР Тетово на ул.„Борис Кидрич” во Тетово го лишиле од слобода С.С.(31) од с.Долно Седларце, тетовско, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.