• земјотерс

Земјотрес во Грција со јачина од 4,3 степени според Рихтер

Во Грција вечерва е почувствуван земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтерова скала. Земјотресот се случил во 21 часот по локално време, а бил на длабочина од десет километри, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот е во близина на грчкиот град Патра.