Хакиран здравствениот информатички систем во Ирска

Здравствениот орган на Ирска соопшти дека ги затворил своите компјутерски системи откако претрпел „значаен злонамерен хакерски напад”. – Презедовме мерки на претпазливост и ги исклучивме сите наши ИТ системи за да ги заштитиме од овој напад и да можеме целосно да ја процениме ситуацијата со нашите безбедносни партнери, соопшти здравствената служба на Твитер.