• вооружен грабеж

Ограбена банка во Сарај

Утрово во експозитурата на НЛБ Банка АД Скопје во Сарај се случил грабеж. Грабежот го извршила  вооружена група разбојници. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба.