Без вода дел од улица „Цветан Димов”

Поради уличен дефект ф-2″ на улица „Цветан Димов” 117, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица. Од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот, па до завршување на санацијата на дефектот.