По долго боледување почина Владимир Змејковски еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ

По долго боледување почина Владимир Змејковски од Форумот на слободоумни патриоти и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ. Голем број членови и симпатизери на партијата, како и почитувачи на самиот Змејковски денеска преку социјалните мрежи се простуваат од него.  Владимир Змејковски е брат на поранешниот долгогодишен функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Змејковски.