Во Автокоманда нападнат вработен во ветеринарна болница

Педесетгодишен маж од Скопје, вработен во ветеринарна болница во Автокоманда, пријавил дека бил физички нападнат од страна на едно лице. Вработениот го пријавил нападот во полицијата, вчера околу 13.30 часот. Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.