• вар технологија

НЕВЕРОЈАТНО: Во Франција нема ВАР поради глувци и стаорци

Како што пренесуваат француските медиуми, на натпреварот помеѓу Ница и Тулуз не функционираше ВАР-технологијата за проверка на спорните моменти. Причината е неверојатна, глувци или стаорци ги изгризале каблите по што не можеше да се врши проверка со ВАР-технологијата. За среќа на судијата, немаше потреба да се користи ВАР-техноллогијата, а домашниот тим оствари убедлив триумф.