• уривање на зграда

Најмалку две жртви при уривање на зграда во Лагос

Во Лагос, најнаселениот град на африканскиот континент, се урна една зграда при што загинаа најмалку две лица, а осуммина се извлечени од под урнатините. Ова го соопшти Ибрахим Фаринлое од Националната агенција за вонредни ситуации. Уривањата на згради се вообичаени во Лагос, но и во другите градови во Нигерија.