Со лажни пари си платил гориво

Во полициската станица во Валандово синоќа окоу 22 часот е пријавено дека на бензинска пумпа кај село Удово возач на патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски таблички за точењето гориво платил со лажни бакноти. Подоцна е утврдено дека тој употребил фалсификувани банкноти од по 1.000 денари. Од полицијата велат дека е започната истрага за случајот.