Пуштени во употреба реновираните училници во детските градинки „Фидани” и „Снежана”

Во детските градинки „Фидани” и Снежана” се пуштени во употреба реновираните училници, соопштија од Општина Чаир. Од Општина Чаир посочија дека во фокусот на нивната работа е постојано подобрувањето на училишната инфраструктура за поквалитетен едукативно – образовен процес. Реновираните простории гарантираат топлина и ќе ја стимулираат креативноста кај децата, истакнаа од Општина Чаир.